Ако немате баш нешто попаметно да правите, да се прошетаме низ најголемата јавна куќа во Европа. Нема гајле, легална е.
Ако немате баш нешто попаметно да правите, да се прошетаме низ најголемата јавна куќа во Европа. Нема гајле, легална е.
Ова е Парадајз (англиски, не српски), најголемата јавна куќа во Европа. Во неа се вложени 6 милиони евра и отворена е во 2008-ма, шест години откако Германија ја легализира проституцијата.
Има ресторан, ергономски погодни сепареа, кино, финска и турска бања како и 31 приватна просторија (македонски: брза соба) за стотината гости кои секоја вечер доаѓаат тука.
Проституцијата во Германија е гранка во која годишно се вртат 16 милијарди долари. Сексуалните работнички не се прогонуваат, имаат право да уплаќаат во пензиски фонд и да бараат здравствена заштита.
Во поглед на капацитетите, доминираат мега – бордели како Парадајз, во кој сексуалните задоволства се задоволуваат речиси како индустриска дејност.
Најмногу девојки во Парадајз се од источна Европа, главно од Романија и Бугарија. Во цела Германија има околу 400.000 лица кои се занимаваат со проституција.
А во поглед на правната регулатива, моменталниот европски тренд е да се казнуваат оние што купуваат а не оние што продаваат. Таквата рамка прво беше пробана во Шведска а денес сериозно се разгледува во уште седум европски земји.
Меѓу нив е и Франција па сопствениците на Парадајз планираат својот следен аутлет да го отворат на само неколку стотини метри од француската граница, за да ги пречекаат драгите гости кои во татковината би имале проблеми со законот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град