Американскиот претседател, Барак Обама, во петок ќе се сретне со тибетскиот духовен водач Далај лама. Кина испрати порака дека тоа „сериозно ќе ги наруши односите со САД”.
Американскиот претседател, Барак Обама, во петок ќе се сретне со тибетскиот духовен водач Далај лама. Кина испрати порака дека тоа „сериозно ќе ги наруши односите со САД”.
Во четвртокот официјално беше потврдена средбата меѓу Обама и Далај лама во Белата куќа, а иако ставот на американската администрација е дека не ја признава тибетската независност, изразена е загриженост за повреда на човековите права во Кина. Од друга страна, Кина го смета Далај лама за сепаратист, додека духовниот водач на Тибет вели дека се залага за поголема автономија, но не и независност.
„Остро се противиме на состанокот. Состанокот на лидерот на САД со Далај лама е грубо непочитување на внатрешните прашања на Кина, сериозна повреда на правилата на меѓународните односи и тоа сериозно ќе ги наруши односите меѓу Кина и САД”, се наведува во соопштението на портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуе Чунјинг.
Обама и Далај Лама последен пат се сретнаа во 2011 година, што и тогаш предизвика лутина кај кинеските власти.
Иако Обама своите гости вообичаено ги пречекува во Овалната соба, овој пат средбата ќе се оджи во таканаречената Соба со мапи во обид да се спуштат тензиите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град