Најголемата ѕвезда помеѓу лизгачките, поради која во декември во Загреб имало 2000 навивачи од Кореа, Ким Јуна останала без златен медал по контроверзната одлука на судиите.
Русинката Аделина Сотникова го изненади светот со освојување на златниот медал во уметничко лизгање. Оваа 17 годишна девојка била подобра од досега актуелната првенка Ким Јуна, која го освои среброто, додека бронзата и припадна на уште една ѕвезда Каролина Костнер.
Борбата за златото се очекуваше помеѓу Ким, Костнер и друга Русинка Јулија Липницкаја, но на крајот златото отиде кај Сотникова.
Таа за судиите имала најдобра програма со 11 одлични скокови, од кои седум троструки, и со вкупна оцена од 224,59 поени ги воодушевила Русите во Сочи затоа што тоа е прво злато во уметничко лизгање за Русите кај лизгачките воопшто.
Ким Јуна водела до самиот крај, но морала да се задоволи со среброто, иако многумина сметале дека судиите, а не младата русинка, и го зеле златото.
Кореанците се бесни. Сметаат дека нивната хероина е искрадена во корист на домаќинот кој конечно дојде до златниот медал во оваа конкуренција. Сите во салата што не биле Руси, биле шокирани од одлуката на судиите бидејќи Кореанката имала совршен настап.
По натпреварот следел уште еден шок за Кореанците со најавата на Ким дека ја прекинува својата кариера.
Нејзините зборови создадоа тага во Јужна Кореа, баш како и губењето на златниот медал. Вели дека не чувствувала притисок, но многумина сметаат дека сето ова е плод на фанатичната поддршка која стои зад најпопуларната спортистка во Ј.Кореа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град