Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“.
Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“.
Во листата на американското списание вкучени се 50 познати политичари, економисти и други познати личности.
Во првите десетмина највлијателни луѓе се и претседателот на Федералните резерци на САД Бен Бернанке, претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише и шефот на јапонската Централна банка Масаки Ширакаца.
На седмото и осмото место се британскиот премиер Гордон Браун и германскиот канцелар Ангела Меркел. На деветото место е рускиот премиер Владимир Путин, а на десетото – кралот на Саудиска Арабија Абдала ибн Абдел Азис ал Сауд.
Според листата на „Њузвик“ на 12-то место се наоѓа севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ил, а на 13-то и 14-то се Хилари и Бил Клинтон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град