Соработниците на полицијата на Украина не користат огнено оружје, за да го спречат нередот во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на соопштение на украинското Министерство за внатрешни работи.
Соработниците на полицијата на Украина не користат огнено оружје, за да го спречат нередот во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на соопштение на украинското Министерство за внатрешни работи.
„За време на обезбедувањето на јавниот ред и локализирањето на масовните немири во центарот на Киев, соработниците на полицијата и војниците од внатрешните сили на Министерството за внатрешни работи на Украина, не користат огнено оружје“, се наведува во текстот на соопштението.
Во него се додава дека земајќи ја предвид природата на повредите на загинатите цивили и карактеристиките на оружјето што беше конфискувано, може да се претпостави дека телесните оштетувања биле предизвикани од особено агресивни демонстранти.
Одговорноста за палењето на Домот на синдикатите во Киев е на активисти од движењето „Десен сектор“, додава украинското Министерство за внатрешни работи.Од пожарот е спасено 41 лице, а седум се примени во болница.
Според Министерството за внатрешни работи палењето, извршено од злонамерни лица, имало за цел да бидат прикриени трагите од нелегалната активност и присуството на оружје и експлозивни материи во зградата. Пламените од пожарот го зафатија и соседниот трговски центар „Глобус“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град