Да се умре за азил

Едно лице го изгуби животот, а 77 се повредени во понеделникот во австралиското прифатилиште за баратели на азил во Папуа Нова Гвинеја, соопштуваат австралиски претставници.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Едно лице го изгуби животот, а 77 се повредени во понеделникот во австралиското прифатилиште за баратели на азил во Папуа Нова Гвинеја, соопштуваат австралиски претставници.

бегалциАвстралија сите бегалци кои илегално влегуваат на нејзина територија ги испраќа во оддалечени прифатилишта во Тихиот океан, за да ги одврати од опасните патувања во трошни и претоварени чамци. Триесет и пет лица до сега побегнале од прифатилиштето на островот Манус во неделата вечерта, при што неколку од нив беа повредени.

Министерот за внатрешни работи Скот Морисон изјавил дека во прифатилиштата последниве неколку недели избиле нереди кои завршиле со насилства во последните 48 часа.

Смртта на еден од бегалците е трагедија, истакнал министерот и додал дека ситуацијата е многу опасна.

„Луѓето решија на насилни протести и се изложија на голема опасност излегувајќи од прифатилиштето”, истакнал Морисон и додал дека тринаесет од 77 лица кои се повредени се во многу тешка состојба. Едно лице се здобило со повреди на главата, а едно со прострелна рана од огнено оружје.

Според Лана Ринтоула, член на организацијата за заштита на бегалците, нередите избиле кога месното населени, луѓе со мачети, палки и камења, незадоволни од големото присуство на бегалци, го нападнале прифатилиштето.

„Барателите на азил ја прескокнале оградата стравувајќи за својот живот”, рекол за Еј-Би-Си министерот Морисон и истакнал дека полицијата успеала да ги најде сите по што веднаш е започната истрага.

Заострувањето на австралиската политика за новите доселеници, која лани ја поттикна левичарскиот центар и побара подигнување на иселеничките квоти, наиде на критика од страна на УНХЦР од каде оценуваат дека прифатилиштата за барателите на азил на Манус и Науру се „мачни места кои оставаат трајни последици на луѓето кои престојуваат во нив”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top