Тежок пад во Сочи

Однесен на носила

 |  инфодеск  | 

За време на натпреварот во нордиска комбинација, поточно во првата дисциплина скијачки скокови, Јапонецот Тајхеј Като се повредил кога незгодно скокнал и лошо се приземјил.

Като е однесен на носила од големата скокалница кога при доскокот ја изгубил левата скија и доживеал тежок пад при што тешко го повредил левиот лакт.

Като бил свесен кога му се укажувала помош, но очигледно било дека имал големи болки. За сега не е соопштено дали јапонскиот натпреварувач ќе може да го продолжи натпреварувањето во нордиска комбинација, поточно дали ќе може да учествува во трката во крос-кантри на десет километри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top