Станува збор за мистерија стара скоро 400 години: „Каде започнува Амазон?“
Станува збор за мистерија стара скоро 400 години: „Каде започнува Амазон?“
Научниците сметаат дека конечно дошле до одговор.Ова прашање е комплицирано поради големиот број на притоки кои се влеваат во Амазон како и фактот што најмалку пет реки во Перу ја носеле оваа титула во 16 век.
Група на истражувачи сега тврдат дека реката Апуримак погрешно ја понела оваа титула во 1971 година. Тие сега го пронашле вистинскиот почеток на реката Амазон – реката Мантаро во Перу.
Доколку овие тврдења се покажат како вистинити, ќе дојде до некои промени: Амазон ќе порасне за 76 до 90 километри кои ќе се додадат на постоечките 6.437 километри должина.
Но, станува збор за половичен заклучок. Прво, дефиницијата „извор“ не е во целост дефинирана, а моментално е прифатено дека изворот е „најдалечната точка на притоките кои се влеваат во реката“.
Користејќи топографски карти, сателитски снимки и GPS податаоци за да се мапира реката Мантаро, тимот открил дека станува збор за 10% подолга од реката Апуримак што било причина за да ја поведе оваа титула.
Но, проблемот лежи во фактот што реката не тече целата година поради браната изградена во 1974 година што се суши 5 месеци секоја година.
Некои географи сметаат дека тоа значи дека реката не може да се најде во изборот, но авторите на истражувањето велат дека предвремените промени кои ги направил човекот не треба да се земаат како одлучувачки фактор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град