Кандидат за медал доживеа несреќа

Настрадал на пат за Сочи

 |  инфодеск  | 

Еден од главните кандидати за златниот медал во слалом на зимските олимписки игри, Феликс Нојројтер (29), доживеа сообраќајна несреќа.

Моментално вториот во светскиот куп во четвртокот тргнал за Сочи, но на пат кон Минхенскиот аеродром, од каде требаше да полета за Сочи, доживеа сообраќајна несреќа.

Како што известуваат германските медиуми, автомобилот на Нојројтер изгубил контрола на автопатот, и удрил во заштитната ограда. Нојројтер е примен во болницата во Минхен, а информациите велат дека германскиот скијач ги повредил грбот и вратот, но не е познато во колкава мерка се повредите.

Така да сеуште не може да се каже дали Германецот ќе учествува на ЗОИ. Каде го очекуваа настапи во велеслалом (19-ти) и слалом (недела 22-ри).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top