Удавени 11 марокански имигранти на бреговите на Шпанија

Шпанската полиција пронашла тела на единаесет имигранти кои се удавиле обидувајќи се од Мароко да допливаат до шпанското крајбрежје, соопштуваат претставници од шпанското Министерство за внатрешни работи.

 |  Голабовски Крсте  | 
Spanija
Шпанија

Шпанската полиција пронашла тела на единаесет имигранти кои се удавиле обидувајќи се од Мароко да допливаат до шпанското крајбрежје, соопштуваат претставници од шпанското Министерство за внатрешни работи.

Полицијата телата ги пронашла на плажата Тарахал во местото Сеута, соопштува локален претставник.

imigrantiИмигрантите од плажите во Мароко се обиделе со пливање да стигнат до територијата на Шпанија, а шпанските медиуми и групите за заштита на човековите права тврдат дека полицијата, наводно, пукала во имигрантите додека пливале во морето.

Поради тоа утре пред парламентот ќе се појави шпанскиот министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандес Диас, за да одговори на прашањата во врска со смртта на имигрантите.

Генералниот директор на цивилната стража истакнал дека нивните припадници користеле гумени куршуми со цел да ги одвратат имигрантите од намерата, тврдејќи дека стражарите пукале во воздух.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top