Светската автомобилска федерација ја почна проценката на пријавените тимови за пополнување на едно место во шампионатот на Формула 1 од 2015 година.
Италијанскиот „Autosprint”, известува дека Формула 1 би можела наредната сезона да добие два тима, а не само еден, како што беше објавено.
„Нема никакви званични потврди, а се појавија шпекулации дека Ф1 би можела да ги отвори вратите за два тима, рече новинарот на „Autosprint”Роберто Кинчеро.
Одамна се знае дека за место во шампионатот се пријавиле Џин Хас, кој е косопственик на еден „nascar” тим, и Колин Колс кој беше шеф на Форс Индија и екипата ХРТ.
Италијанските медиуми исто така пренесуваат дека меѓу кандидатите е и српскиот тим „StefanGP”, кој два пати проба да влезе во Ф1, но не успеа. Према истите извори сопственикот Зоран Стефановиќ не е оптимист за шансите во 2015 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град