Некогашната најдобра тенсиерка во светот Миника Селеш изјави дека со задоволство би ја прифатила идејата на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ да одиграат меч во добротворни цели.
Некогашната најдобра тенсиерка во светот Миника Селеш изјави дека со задоволство би ја прифатила идејата на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ да одиграат меч во добротворни цели.
-Сигурна сум дека резултатот би бил 6:0, 6:0 за него, а јас би била среќна ако успеам и еден поен да освојам. Шега на страна, со задоволство би одиграла меч во добротворни цели во Белград или во Нови Сад – вели Селеш.
Таа е гостинка на Тенискиот сојуз на Унгарија, на свеченоста под назив Денови на унгарскиот тенис.
Моника Селеш е родена 1973 година во Нови Сад, а живее во САД. Во кариерата освои 53 турнири, од кои дури 9 грен слем титули. Нејзината кариера е прекината 1993 година, кога имаше 19 години, откако еден навивач ја рани со нож на турнир во Германија.
Моника Селеш потоа во неколку наврати му се враќаше на тенисот но не беше толку успешна како пред нападот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град