Најплатен фудбалер на светот

На Меси не му се верувa

 |  инфодеск  | 

Најплатениот фудбалер на светот не е Кристијано Роналдо а ниту Лајонел Меси, туку Златан Ибрахимовиќ. Резултатите се истражување на фудбалскиот магазин World Soccer.

Најголемата ѕвезда на ПСЖ, спрема World Soccer, има годишна плата од 14,6 милиони евра, на второто место е Роналдо (14,4), додека Меси е дури 5-ти со плата од 10,7 милиони евра. Пред Меси се Радамел Фалкао и Тиаго Силва.На Меси сигурно му се врти во глава после објавата на оваа листа.

Неговите колеги од Барселона Чави Ернандез и Андрес Иниеста го држат седмото и осмото место по 8 милиони а Нејмар е 13-ти со 7 милиони евра годишна заработка.

Податоците на угледниот британски магазин се разликуваат од претпоставките на шпанските медиуми. Роналдо неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид, а шпанските медиуми шпекулираат дека Португалецот се договорил за плата од околу 17 милиони евра, со тоа , ако информацијата е точна, тогаш е тој најплатениот фудбалер на светот.

Меси допрва го очекува рунда преговори со челниците на Барселона. Хозе Мариа Бартоме, новиот претседател на Барселона, најави дека „најдобриот играч на светот мора да биде и најплатен на светот„.

Останува отворено прашањето кои податоци ќе бидат референтна точка за преговори.

Пет најплатени фудбалери според World Soccer :

Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ) 14,6

Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) 14,4

Радамел Фалкао (Монако) 14,1

Тиаго Силва (12,1)

Лајонел Меси (Барселона) 10,7

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top