Искршил Ферари, лажел и на крај уапсен

Не го заборавил контроверзниот начин на живеење

 |  инфодеск  | 

Младиот француз кој го напушти Милан и е на позајмица во Монпеље, продолжува со својот контроверзен начин на живеење и во Франција.

 19-годишниот напаѓач,Мбаје Нијанг, недалеку од тренинг центарот на Монпеље, се забил во дрво со своето скапоцено ферари, а потоа избегал од местото на настанот.

Истиот ден, полицијата сакала да го испраша што знае за овој случај но Французинот прво негирал дека бил во автомобилот, потоа се спротиставувал на апсењето, и на крај е лишен од слобода.

Имено ова не е прв инцидент на „малиот Балотели“. Пред две години во Милано исто така возел автомобил од реномираниот производител, Ферари но поинаков модел – бидејќи со овој се почастил од неодамна, ама тогаш немал возачка дозвола и логично бидејќи тогаш имал само 17 години. Кога го запрела сообраќајната полиција и сакала да го утврди неговиот идентитет, тој се претставил како неговиот тогашен соиграч Бакаја Траоре.

Нијанг досега одиграл четири натпревари за Монпеље и постигнал три гола.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top