Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк.
Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк. Светските медиуми пренесоа дека телото на 46-годишниот актер било пронајдено во бањата вчера наутро од страна на неговиот личен асистент.
Според неофицијални информации актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла. Тој веќе подолго време се борел со зависноста. Сепак причината за смртта дополнително ќе се утврдува.
Актерот Филип Сејмур Хофман беше добитник на наградата Оскар за главна улога во филмот “Капоти” од 2005 година во кој го толкуваше контроверзниот писател Труман Капоти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град