Благодарение на телескопот Хабл досега видовме фасцинантни снимки од вселената, но наскоро тој ќе добие силна конкуренција во телескопот наречен E-ELT или Европски екстремно голем телескоп, развиен од Европската јужна опсерваторија.

Телескопот ќе биде сместен во Чиле и со пречник од 39 метри ќе биде најголемиот телескоп што некогаш е изграден.
Неговата цел ќе биде да им помогне на астрономите да дознаат повеќе информации за тоа како се формирани ѕвездите и да ја анализира светлината на подалечните галаксии, пишува Yahoo.
Европската опсерваторија планира да ја заврши изградбата на телескопот до 2024 година. Според астрономот Џо Лиск, освен што телескопот ќе бара планети надвор од нашиот Соларен систем, ќе создава и снимки со поголема резолуција со што ќе собере повеќе информации за универзумот за разлика од досегашните телескопи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град