Денес, во време кога сите живеат под стрес и во состојба на хронична исцрпеност, поголемиот дел од луѓето земаат здраво за готово тоа што се уморени.
Денес, во време кога сите живеат под стрес и во состојба на хронична исцрпеност, поголемиот дел од луѓето земаат здраво за готово тоа што се уморени.
Иако после напорната работа одморот навистина е неопходен, често луѓето се занесуваат со обврски за тоа да го забележат. Еве некои сигнали кои укажуваат на тоа дека под итно ви е потребен одмор.
– Вашиот колега добил отказ во најнезгодниот момент. Пред заминувањето ви вели дека делувате како да сте под стрес. Го знаете доволно добро за да можете да бидете сигурни дека е само искрен, а не и злобен.
– Имате преслатко бикини кое уште поубаво ви стои. За жал, единствено го употребувате за бришење на прашината од телевизорот и мебелот.
– Имате прекрасни куфери, од кои конечно сте ја тргнале етикетата, но сте ги искористиле само за да пренесете некои работи од домот на вашите родители во вашиот дом.
– Ужасно ви недостига забава, во било која форма. Најголемиот дел од времето за тоа не сте ни свесни – но започнувате да се сомневате кога сфаќате дека како луди се смеете на вицовите на најдосадниот колега во канцеларијата.
– Не е лето, но редовно ја мачкате кожата со крема за сончање, бидејќи не можете да му одолеете на мирисот кој ве асоцира на одмор.
– Вашето момче сака да водите љубов, а вие го отворате вашиот распоред за да видите кога имате време и кој ден ќе ви остане доволно сила за тоа.
– Вашата пријателка со насмевка ви раскажува дека ќе оди на место каде што служат разновидни коктели, а вашата претпоставка е дека оди во некој нов кафич.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град