Универзитетот во Брчко, Босна и Херцеговина, ја изгуби дозволата за работа откако било откриено дека еден професор предава 70 предмети, а друг 56. Оштетени се над 1.000 студенти.
Универзитетот во Брчко, Босна и Херцеговина, ја изгуби дозволата за работа откако било откриено дека еден професор предава 70 предмети, а друг 56. Оштетени се над 1.000 студенти.
На Европскиот универзитет во Брчко изминатата недела му била забранета понатамошна работа поради неисполнување на условите за работа во високото образование. Медимите пренесуваат дека се оштетени над илјада студенти.
Во текот на шестмесечниот управен надзор биле утврдени најтешки повреди на законот. Еден професор одржувал настава за 56 предмети, а друг на дури 70 наставни предмети. На универзитетот се запишани околу 1.400 студенти, од кои една третина доаѓаат од Хрватска.
На универзитетот можеле да се изучуваат повеќе општествени насоки, а цените на студирање се движеле од 1.200 до 3.600 евра.
Универзитетот изведувал сосема различни студиски програми од оние за кои имал дозвола, а повеќето професори биле ангажирани за настава од шест до седум пати повисока граница од допуштената. Од 60 професори, колку што е потребно според стандардите за изведување настава, универзитетот имал вработено само десет, и ниту еден од нив не ги исполнувал законските услови во поглед на изборот во професијата.
Проректорот на универзитетот, Мирко Кулиќ, најавил дека ќе покрене спор пред судот во Брчко во кој ќе бара одложвање на извршување на решението. Студентите се огорчени и сметаат дека тие се најголемите жртви. Тие порачуваат дека нема да се помират со пропаѓање на вложениот труд, времето и парите и ќе сторат се’ за да ги заштитат своите права.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град