Зошто научниците испратија мравки во вселената?

Научниците сакаат да видат како мравките ќе се навикнат на околина речиси без гравитација.

mravka
мравки

Научниците сакаат да видат како мравките ќе се навикнат на околина речиси без гравитација.
 
mravkaЕдна колонија мравки ја набљудува својата околина со испраќање мравки за да го истражат регионот. Повеќете мравки имаат слаб вид, па функционираат благодарејќи на сетилото за мирис. Мравките мора да бидат близу до нешто за да го откријат.

Меѓусебно, мравките комуницираат со мирис и добирање на антените. Изминатите милиони години, овие инсекти развиле алгоритми за да дознаат колку мравки има во нивната околина итн. Откако ќе дознаат колку „пријатели“ има околу нив, тие се организираат за да бараат храна и да се чуваат од непријатели.

Научниците се заинтересирани во нивните методи со години, а сега сакаат да ги видат и во вселената. Откако биле испратени во станицата, мравките веќе нашле решенија за условите кои се далеку од совршени за нив.

mravkaВо експериментот извршен таму, 70 мравки биле пуштени заедно во повеќе мали региони со големина од таблет. Секој простор бил поделен во три делови и камерите го следеле нивното движење како што се приширувале границите. На земјата, мравките го прилагодуваат своето однесување при потрагата со промена од мали кружни движења во поправи и пошироки патишта. Во вселената, каде речиси нема гравитација, мравките немаат доволно простор и не може да споделуваат информации со останатите мравки.

Набљудувањето на мравките додека ги менувале своите методи на движење може да им помогне на истражувачите да создадат слични методи на работа за роботите и други направи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top