Iphone 6 ќе биде на соларна енергија

Аналитичарот Мет Марголис тврди дека новиот смартфон на Apple ќе биде првиот уред кој ќе може да се полни преку сончева енергија.

logo
лого

Аналитичарот Мет Марголис тврди дека новиот смартфон на Apple ќе биде првиот уред кој ќе може да се полни преку сончева енергија, а причината за оваа неверојатна иновација лежи во употребата на сафирот за кој веќе е потврдено дека ќе биде дел од дизајнот на новиот ајфон.

iphone6Причината за ова тврдење се наоѓа во повеќе патенти кои Apple успеа да ги добие од Американската комисија за патенти и трговски марки, каде сафирот има клучна улога во примената на соларната енергија. Сафирот ќе се користи за заштита на екранот, а исто така сензорот на камерата и скенерот за отпечатоци ќе бидат изработени од овој револуционерен материјал. Исто така Apple во изминатата година вработил повеќе инженери чија специјалност е токму соларната енергија.

Идејата за соларно полнење на мобилните уреди не е нова, првични тестови правеше Nokia, но Apple има голем капацитет за ваков чекор кој ќе донесе огромна функционалност за корисниците и секако ќе ги намали сметките за електрична енергија, да не говориме за можноста смартфонот постојано да биде полн, насочувајќи го само кон сонцето. Ова е дефинитивна најдобрата вест која досега сме ја чуле за iPhone 6 за која се надеваме дека ќе биде реализирана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top