Сенаторот од Демократската партија Дајан Фајнстин стана првата жена претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД.
Сенаторот од Демократската партија Дајан Фајнстин стана првата жена претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД.
Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид ја замоли сенаторката од Калифорнија да ја заземе таа должност, како што се очекуваше.
Фајнстин го замени на функцијата сенаторот Џеј Рокфелер, кој ќе биде шеф на Комисијата за трговија при Сенатот.
„Тоа е критично важна задача во критично важен момент од историјата на нашата нација. САД водат две војни и се соочени со бројни закани по светот и за нацијата е од витално значење нашите разузнавачки агенции да собираат информации и да го прават тоа на начин, кој е во согласност со нашите закони и национални вредности“, се вели во изјавата на Фајнстин.
Дајан Фајнстин е член на Комисијата за разузнавање на Сенатот осум години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град