Јапонците се нацијата која најздраво се храни

На листата на земји според достапноста, квалитетот и разновидноста на храната водат Холандија, Јапонија, Нов Зеланд и САД, покажа истражувањето на меѓународната организација за борба против сиромаштијата – OKSFAM.

japonska kujna
јапонска кујна

На листата на земји според достапноста, квалитетот и разновидноста на храната водат Холандија, Јапонија, Нов Зеланд и САД, покажа истражувањето на меѓународната организација за борба против сиромаштијата – OKSFAM.

japonska kujnaМеѓу земјите со најнизок рејтинг се Република Чад и низа други земји од Африка. Холандија, Франција и Швајцарија се лидери во “правилната исхрана”. Таму жителите јадат разновидна, корисна и евтина храна.

Во таа смисла, тешко дека може да и се најде замерка на Европа. Првите 20 места од листата ги завземаат токму Европјаните, покрај Австралија. Јапонија, Нов Зеланд, Канада и САД не стигнаа меѓу првите 20 според тие критериуми.

Експертите објаснуваат дека САД изоставуваат од листата поради високиот процент на заболени од прекумерно здебелување и дијатебес.
Лошите показатели на Јапонија се поврзани со фактот дека во таа земја храната е прескапа. Истовремено, по сите други “прехрамбени” параметри, Јапонците се најдобри и тоа надвор од конкуренција.

sushiВо Јапонија храната е исклучително правилна. Таму нема колачиња од брашно, со маргарин и шеќер. Многу плодови од море и тоа сите свежи. Затоа, Јапонија е една од најдобрите земји од гледна точка на исхраната, што се потврдува со долгиот животен век на Јапонците.
Многу добра и разновидна храна има во Франција. Постои дури и поимот “француски парадокс”. Имено, Французите без оглед на храната со многу леб и алкохол, се многу здрава нација. Тие имаат така изграден систем на исхрана, што таму има најмал процент од заболени од кардиоваскуларни болести.

Французите многу помалку боледуваат од кардиовасуларни болести, бидејќи користат многу црвено вино, богато со природни хемиски елементи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top