САД, Бразил и Канада имаат успешни економии, во Мексико има голем наталитет, а во Јапонија – пензионери. Сите овие информации се добиени преку тоалетна хартија.
САД, Бразил и Канада имаат успешни економии, во Мексико има голем наталитет, а во Јапонија – пензионери. Сите овие информации се добиени преку тоалетна хартија.
Во различни етапи од животот, потребни ни се одредени хигиенски производи – со тек на време некои ги користиме повеќе, некои помалку:
Прво пелени, па тоалетна хартија и влошки (за жените), па како што старееме и потешко го контролираме дигестивниот систем – пелени за возрасни.
Според ова, има логика дека релативната популарност на овие производи би била индикатор за старосната демографија на одредена земја. Маркетиншката компанија Euromonitor направила и мапа за да го докаже тоа.
На мапата се гледа дека успешните, динамични економии како САД, Канада, Бразил и Јужна Африка купуваат многу тоалетна хартија, што значи имаат многу бањи по глава на жител.
Земјите во развој пак, како Мексико и југоисточниот дел на Азија имаат најмногу бебиња, што значи дека најмногу трошат на пелени и марамчиња. Влошките најмногу се продаваат во муслиманските земји како Ирак и Пакистан.
Оние што имаат голем процент на пензионери, како Јапонија и поголемиот дел од Западна Европа, најчесто купуваат пелени за возрасни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град