Како да преживеете нуклеарна експлозија

Во случај на нуклеарна беља, фино е да знаете неколку работи што може ќе ви спасат глава. Еден научник ги скоцкал во водич за преживување.

apokalipsa
апокалипса

Во случај на нуклеарна беља, фино е да знаете неколку работи што може ќе ви спасат глава. Еден научник ги скоцкал во водич за преживување.

Мајкл Дилан направил математички модел кој го смалува ризикот од радијацијата предизвикана од нуклеарен напад и го пресметал оптималното време за пронаоѓање на засолниште.

nuklearnaСоветот кој сите го знаеме, е дека идеалното засолниште е под земја, но постојат добри и лоши засолништа, а во вторава категорија спаѓаат зградите изградени од дрво или оние без подрум.
Дилан има совет за сите оние кои би се нашле на 33 километри од центарот на експлозија со помала сила од онаа во Хирошима:
Ако треба околу 5 минути или помалку да се стигне до подобро засолниште, како бетонски подрум, потребно е да се напушти моменталното засолниште во истиот момент.

Ако засолништето е оддалечено 15 минути, треба да се остане минимум 30 минути во полошото засолниште а потоа да се тргне.
Кога е во прашање самото патување до засолништето не треба да се грижите за заштита на телото од радијација бидејќи истата може да биде „испрана“ кога ќе стигнете до засолништето.

Овој модел е наменет за итно планирање во случај на несреќа за да се направи оптимална стратегија за заштита во најкраток можен рок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top