Не само што не сме најпаметниот вид на планетава, туку можно е некои од животните да се попаметни од нас. Проблемот е што ние тоа не можеме (и многу нормално, не сакаме) да го перцепираме.
Не само што не сме најпаметниот вид на планетава, туку можно е некои од животните да се попаметни од нас. Проблемот е што ние тоа не можеме (и многу нормално, не сакаме) да го перцепираме.
„Веќе со милениуми сите видови на авторитети – од религиски до научни – ја повторуваат идејата дека луѓето се најпаметни во животинското царство“, изјавил еден од авторите на истражувањето.
„Сепак, науката вели дека животните можат да имаат когнитивни функции што се посупериорни од оние на луѓето“.
Едно истражување на интелигенцијата и еволуцијата на мозокот на приматите ја поддржува идејата дека луѓето не се најпаметните суштества на светот.
„Иако животните не нè разбираат и ние не ги разбираме нив, тоа не значи дека нашите интелигенции се на различно ниво. Едноставно е поразличен вид“, изјавил д-р Мејс Хененберг.
Некои животни имаат сложен систем на обележување со мириси преку кои комуницираат. Луѓето тоа не го перцепираат, а тоа можеби се побогати информации од визуелниот свет.
Китовите убијци имаат сопствен сложен јазик, а делфините дури си даваат имиња меѓу себе. Тоа значи дека имаат свест за себе и за другите.
Слоновите ги оплакуваат своите мртви и имаат одлична меморија. Дабарите прават брани и подводни куќи, а птиците плетат гнезда на неколку нивоа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град