Дали болестите поврзани со храната во светот, растат поради уптребата на ГМО?

Истражувањата покажуваат дека болестите поврзани со храната пораснаа од два на десет пати во периодот од 1994 до 1999 година, кога започнала комерцијализацијата на генетски модифицираните организми.

 |  Голабовски Крсте  | 
naucnik
научник

Истражувањата покажуваат дека болестите поврзани со храната пораснаа од два на десет пати во периодот од 1994 до 1999 година, кога започнала комерцијализацијата на генетски модифицираните организми.

Бидејќи ефектите од истражувањата за човековото здравје не се спроведени доволно долго, не може со голема прецизност да се каже до кој степен ГМО храната може да биде опасна, но одредени ефекти веќе се забележани.

Според американскиот молекуларен биолог Џон Фаган кој бил еден од учесниците на Меѓународната конференција на ГМО која се одржала во октомври во Белград, САД има најдолга историја на консумирање на ГМО храна, иако истражувањата за нејзиниот ефект врз здравјето, се` уште не се направени, сепак се покажало дека нешто не е во ред.

јаболкоГенетски модифицираните организми се оние во кои е вметнат ДНК ген на друг неповрзан вид, кој во природата не може да се вкрсти, а за растенијата тоа значи вметнување на ген од животно, за тие да бидат отпорни на штетници и плевели.

Најпознатите биотехнолошки компании кои се занимаваат со производство и продажба на ГМО се „Monsanto“, „Bayer“, „Syngenta“, „Dow Agro Sciences“…

Во Европа, првата генетски модифицирана култура – тутунот беше одобрена во Франција во 1994 година. Во 2000 година 130 земји го одобриле Меѓународниот протокол на биолошка безбедност кој се залага за означување на генетски модифицираните култури, но се` уште треба да биде ратификуван од 50 земји за да стапи на сила.

Според податоците од 2012 година, ГМО производи се одгледуваат на 170 милиони хектари воглавно во САД, Канада, Јужна Америка, Индија и Кина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top