Спорниот план за изградба на американски противракетен штит во Источна Европа ќе биде централна тема на посетата на главниот преговарач на САД Џон Руд на Москва.
Спорниот план за изградба на американски противракетен штит во Источна Европа ќе биде централна тема на посетата на главниот преговарач на САД Џон Руд на Москва.
Руд, кој, како што е најавено денеска треба да пристигне во Москва, со руските домаќини ќе разговара и за договор, што треба да ја замени Спогодбата за ограничување на стратешко оружје Старт 1, чија важност истекува во декември идната година.
Москва остро се противи на американските планови за распоредување на десетици ракетни пресретнувачи во Полска и радар во Чешка, бидејќи смета дека тие претставуваат стратешка закана и за Русија.
САД смета дека штитот е потребен за заштита на Европа и САД од „опасни“ држави како што е Иран, а Русија неодамна ја отфрли американската понуда Москва да има пристап и надзор до пресретнувачите и радарот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град