Пензионерка го тужи „Мекдоналдс“, причина – жешко кафе

Иако кога нарачувате кафе веројатно знаете дека тоа ќе биде топло, сепак не секој смета дека ова треба да биде очекувано, па така бараат да бидат предупредени за очигледното.

logo
лого

Деновиве Мекдоналдс се бори со тужба од 2.9 милиони долари од една пензионерка, која ги тужи дека се изгорела од нивното кафе.
Ваквата ситуација не е новитет за ланецот за брза храна, па така во почетокот на ХХ век ја добија тужбата на векот од Стела Либек.

kafeИмено, оваа госпоѓа се полила со кафето, а бидејќи нормално тоа било жешко, таа се изгорела. Ако некогаш сте се запрашале зошто на капаците на чашите за носење пишува “Внимание, жешка содржина”, причината е токму избегнување на тужби.
Сепак, очигледно ни тоа не е доволно, бидејќи Џоан Фајно бара отштета од 2.9 милиони долари, зошто капачето на чашата не било добро затворено.

“Капачето на пакувањето беше лошо наместено, до таа мера што се чини дека некој намерно сакаше да и наштети на мојата клиентка.
Таа не може да спие од чувството на печење, кое не поминува веќе со години, таа константно живее во болка”, изјавил креативниот адвокат на пензионерката.

Инцидентот се случил пред две години, но Фејнова решила да ги тужи дури минатиот октомври, а сослушувањата започнаа оваа недела. Тешко на Мекдоналдс со вакви баби што имаат премногу слободно време.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top