Холандските затвореници ќе плаќаат кирија за својот престој

Затворениците во Холандија наскоро ќе мора да плаќаат за сместувањето во затворските келии. Ова се предвидува со новиот нацрт закон кој го подготвува владата на оваа земја.

 |  Голабовски Крсте  | 
zatvorenici
затвореници

Затворениците во Холандија наскоро ќе мора да плаќаат за сместувањето во затворските келии. Ова се предвидува со новиот нацрт закон кој го подготвува владата на оваа земја.

zatvorenici„Заменик министерот за правосудство, Фред Тевен, смета дека осудениците делумно мора да плаќаат за своето сместување во затворите. Според неговите размислувања престојот на затворениците во затвор не треба да паѓа само врз грбот на државата и општеството, изјавил портпаролот на Министерот за правосудство, Вибе Алкема.

Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија за секој затвореник поодделно се во висина од 250 евра.
Доколку нацрт законот биде усвоен во двата дома на парламентот, осудениците ќе мора најмногу две години да плаќаат кирија од 16 евра дневно.

Владеачката коалиција, на чело со Марк Рут и коалицискиот партнер од Лабуристичката партија, се согласиле околу нацрт законот по победата на изборите во 2012 година. Доколку законот биде одобрен, тој ќе стапи на сила од први јануари 2015 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top