Русите протераа американски новинар

Еден американски новинар информираше дека е протеран од Русија бидејќи известувал за проверопските протести во Украина.

 |  Голабовски Крсте  | 
Dejvid Sater
Дејвид Сатер

Дејвид Сатер, долгогодишен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, работеше во Русија од 2003 година за Радио Слобода.

Сатер е поранешен дописник на Wall Street Journal и Finacial Times,а автор е на три книги за Русија и СССР.

Dejvid SaterОва претставува прво протерување на еден странски новинар од Русија по завршувањето на Студената војна.

Проблемот настанал кога Сатер сакал да се врати до Украина, од каде известувал за демонстрациите. Нему му било кажано само дека безбедносните служби неговото присуство во Русија не го сметаат за пожелно.

Американската амбасада во Москва упати протестна нота поради одлуката на руските власти.

„Работите ми се во Москва, каде што имам и стан. Но без дозвола за влез во земјата не можам да одам по работите. Би сакал да се вратам во Москва и да работам, но неможам да го сторам тоа без виза“, изјави новинарот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top