Иако за време на викендот температурите се покачија во заледената Америка, метеоролозите предупредуваат дека уште еден поларен вортекс им се заканува на граѓаните и да се подготват за нови екстремно ниски темпертури.
Иако за време на викендот температурите се покачија во заледената Америка, метеоролозите предупредуваат дека уште еден поларен вортекс им се заканува на граѓаните и да се подготват за нови екстремно ниски темпертури.
Престојниот студен бран се очекува да дојде од Арктикот и да донесе студен воздух во јужна Канада, а потоа да се пресели во северниот дел на американската територија. Од таму ниските температури ќе продолжат низ средниот Запад и Источниот Брег.
Многу области се’ уште се опоравуваат од екстремните временски услови минатата недела кои ја замрзнаа реката Делавер во Њу Џерси, предизвикувајќи сериозен ризик од поплава.
Сообраќајот е блокиран, а неколку илјади летови низ државата и во странство беа откажани.Во ледената доба која ја погоди Америка минатата недела 23 лица го загубија животот.
Поларен вортекс е ветар што преовладува во Арктикот, кој постојано се движи околу Земјата во правец од запад кон исток. Вообичаено, вортексот го одржува движењето на екстремно студениот воздух кон Северниот Пол, не дозволувајќи да се прошири кон југ.
Повремено, кога силата на вортексот ослабнува, се овозможува студениот воздух да се спушти преку Канада во САД, или во други региони како што се Источна Европа. Освен што носи студ, воздушната маса исто така може да ја истурка групата на ветрови појужно, кои што обично дуваат од Тихиот Океан во Америка. Во случај да оваа група на ветрови да се спротивстави, влажноста што ќе произлезе ќе предивика обилни врнежи на снег, услови кои според атмосферските научници ја предизвикале бурата во Вашингтон во февруари 2010 и го блокирала целиот град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град