Кој, како планира да ја дочека новата 2014-та година во светот?

Светот денеска се подготвува да ја дочека новата 2014 година. Еден од првите мегаполиси кој „ќе влезе“ во новата година е Сиднеј, каде градските власти најавија спектакуларен огномет во реонот околу мостот „Харбур Бриџ“ и познатата Сиднејска опера.

logo
лого

Светот денеска се подготвува да ја дочека новата 2014 година. Еден од првите мегаполиси кој „ќе влезе“ во новата година е Сиднеј, каде градските власти најавија спектакуларен огномет во реонот околу мостот „Харбур Бриџ“ и познатата Сиднејска опера.

Nju JorkПрвпат по повеќе од десет години денеска огнометот ќе биде лансиран од подножјето на Операта. Што точно ќе биде испишано на небото со огнометот засега се чува како тајност. Целиот настан ќе чини околу шест милиони австралиски долари.
Во Јапонија новата година ќе биде дочекана со биење на камбани и со фрлање на парички во храмовите. Согласно традицијата, камбаните во јапонските храмови при доаѓањето на новата година бијат точно 108 пати, колку што според учењето на Будизмот, има причини за страдањата на светот.

Во Кина традиционално Новата Година ќе биде пречекана со огномети. Во Пекинг е најавен спектакуларен огномет во реонот на Големиот кинески ѕид, а во Шангај на самото крајбрежје. Во Хонг Конг е предвидено огнометот да трае осум минути, при што ракети ќе бидат лансирани од седум облакодери во градот и од блискиот остров Каулун. Властите на градот Вухан, кој се соочува со енормна загаденост на воздухот, забранија огномети и фрлање пиротехника.
Новата година свечено ќе биде дочекана и во Северна Кореја, каде властите најавија „пиротехничко шоу“ на плоштадот „Ким Ил-сунг“ во Пјонгјанг.

SidnejНа Индонезија главниот дочек ќе се одржи во Џакарта со концерти, забави и други прослави.
Во Јужна Африка дочекот на новата година ќе мине во прослави и концерти во сеќавање на покојниот прв црнечки јужноафрикански претседател Нелсон Мандела. За таа цел на фасадата на зградата на локалната самоуправа во Кејптаун ќе биде поставен голем видео бим на кој ќе бидат емитувани фотографии од животот на Мандела.
Во Москва, како и во цела Русија, дочекот на новата година ќе мине со засилени безбедносни мерки и без еуфорија поради националната жалост прогласена во чест на жртвите на двата бомбашки напади во Волгоград извршени вчера и во неделата.
Во Берлин ќе биде одржан дочек кај Бранденбуршката порта, а во Лондон кај панорамското тркало „Лондонско око“.
Во Париз ќе бидат организирани неколку дочеци и тоа кај Ајфеловата кула, на булеварот „Шан-з-елизе“, на плоштадот Трокадеро и на Марсовите полиња.

kristalna topkaВо Њујорк традиционално новата година ќе биде дочекана со прослава на „Тајмс Сквер“ каде 60 минути пред полноќ ќе биде спуштена огромна повеќебојна кристална топка.
Во рамки на напорите за подигнување за еколошката свест на граѓаните, на плоштадот од саботата се поставени велосипеди поврзани со 12 волтни батерии преку кои доброволци вртејќи ги педалите ќе произведуваат струја во осветлување на кристалната топка и за светилките на „Тајмс Сквер’.

Во топката има 32.000 светлосни диоди што ќе се прелеваат во 16 милиони нијанси на различни бои. Топката ќе биде спуштена од височина од 43 метри.

Во Рио Де Жанеиро главната прослава ќе се одржи на плажата Копакабана, каде ќе биде организиран спектакуларен концерт под отврено небо. Локалните власти најавија и 16- минутен огномет при кој ќе бидат употребени 24.000 ракети лансирани од 11 бродови вкотвени на 400 метри од плажата. По доаѓањето на новата година, по традиција, илјадници Бразилци облечени во бело во водите на Атлантскиот Океан ќе фрлат букети и венци од цвеќиња како подарок за божицата на морето според афробразилскиот култ Јемања.
Новата година официјално нема да биде дочеката единствено во Саудиска Арабија и во Сомалија, каде властите најавија казни за оние што ќе слават и им препорачаа на трговците да не продаваат кадифени мечиња, цвеќиња и други новогодишни подароци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top