Кои работи не се објавуваат на „Facebook“

Фејсбукот може да биде интересна, понекогаш корисна алатка, но да не претеруваме. Некои работи сепак не треба да бидат дел од оваа социјална мрежа.

logo
лого

Фејсбукот може да биде интересна, понекогаш корисна алатка, но да не претеруваме. Некои работи сепак не треба да бидат дел од оваа социјална мрежа.

Детали за бременост и пораѓање

Верувале или не, постојат луѓе кои ги известуваат своите пријатели на „Фејсбук“ за детали како недели од бременоста и слично. Вашето семејство можеби сака да знае, но останатите не се заинтересирани, па задржете ги овие информации за разговорите лице в лице со најблиските.

Напредоците на бебето

Знаеме дека сте возбудени за напредоците на Вашето дете, но не мора да објавувате фотографии од секое негово движење на „Фејсбук“. Ова може да биде навистина здодевно.

Здравствени проблеми

„Фејсбук“ не е амбуланта. Можеби сте слушнале дека некои луѓе бараат совети за здравјето на интернет, но тие сигурно мислеле на „Гугл“, не на социјалните мрежи.

logo„Чек-ин“ на секои два часа

Во ред е, не мора да пиете кафе со секој кој го познавате само за да се „чекирате“. Нам ништо не ни менува, освен тоа што ни станувате здодевни.

Љубовни пораки

Гледаме дека се сакате и без овие пораки. Среќни сме за Вас. Сепак, не мора постојано да објавувате статуси со Вашиот нов партнер или фотографии од двајцата за време на бакнување.

Пасивноагресивни коментари

Овие се нашите омилени – луѓето кои објавуваат коментар за некого или нешто, но не откриваат што или кој е тоа. Ова е детинесто однесување, Ве молиме престанете.

Колку ја мразите Вашата работа

Освен што е непрофесионално и детинесто, може да има и вистински последици. Дури и да не сте пријател со претпоставениот, тоа не значи дека тој не може да го види тоа што сте го напишале.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top