Бекамови, сепак ќе останат „commoners“

Со месеци кружеа гласини дека Бекамови ќе добијат благороднички титули, поради успесите на Дејвид во фудбалот, како и тоа дека помогнал во организирањето на ОИ во Лондон. Но, Кралскиот комитет одлучи дека познатата двојка сè уште не е достојна за таков чин.

Bekamovi
Бекамови

Со месеци кружеа гласини дека Бекамови ќе добијат благороднички титули, поради успесите на Дејвид во фудбалот, како и тоа дека помогнал во организирањето на ОИ во Лондон. Но, Кралскиот комитет одлучи дека познатата двојка сè уште не е достојна за таков чин.

Дејвид и Викторија Бекам сепак нема да добијат титула Сер односно Лејди. Иако беа номинирани, Кралскиот комитет одлучи дека е премногу рано за таква чест.

BekamoviИ покрај шпекулациите дека семејството Бекам ќе ја добие благородничката титула поради фудбалските успеси на Дејвид, како и тоа дека помогнал во организирањето на ОИ во Лондон, сепак Кралскиот комитет одлучи дека познатата двојка сè уште не е достојна за таков чин.
Оваа одлука на Комитетот беше вистински шок за целото Обединето Кралство, затоа што се сметаше дека Бекам сигурно ќе стане Сер, особено имајќи предвид дека принцот Вилијам го предложи неговото име.

Обложувалниците ширум светот пред две недели дури и го затворија обложувањето на неговото име, бидејќи се сметаше за апсолутен фаворит за титулата.

Но, Дејвид не е единствениот спортист на кој оваа титула му избега за влакно. Минатата година, тенисерот Енди Мареј се сметаше за добитник на истата, особено бидејќи го освои Вимблдон, но таа му припадна на велосипедистот Бредли Вигинс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top