Ема Стоун, Мила Кунис, Џенифер Лоренс и Натали Портман доминираат на листата на “Forbes” за холивудски ѕвезди кои најмногу се исплати да ги ангажирате на филм.
Ема Стоун, Мила Кунис, Џенифер Лоренс и Натали Портман доминираат на листата на “Forbes” за холивудски ѕвезди кои најмногу се исплати да ги ангажирате на филм.
Овие млади актерки успеаја да ги истиснат своите машки колеги од првите пет места на списокот.
Ема Стоун, ѕвездата на серијалот Спајдермен, е прогласена за најисплатлива актерка на светот за изминатата година. На секој вложен долар, оваа талентирана американска актерка заработила дури 80 долари.
На второ место е Мила Кунис, која неодамна можевме да ја видиме во блокбастерите “Ted” и “Oz: The Great and Powerful”, со заработка од дури 68,70 долари за секој вложен долар, додека главната хероина на “The Hunger Games”, Џенифер Лоренс, е трета со заработка од 68,60 за вложен долар.
Листата е составена врз база на тоа колку им било платено на актерите за одредена улога, а колку пари заработил филмот во кино благајните.
{loadposition contact9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град