Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.
Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.
Во пожарот загинаа браќата на возраст од 9 и 12 години, и нивната 13-годишна сестра. Родителите на жртвите и уште едно дете од семејството, како и уште четири деца биле пренесени во болница во Батон Руж, главниот град на Луизијана.
Пожарот избувнал во текот на ноќта, а кога пожарникарите пристигнале околу 2.30 часот наутро приколката била во пламен.
Таткото успеал да спаси само едно од четирите деца, бидејќи огнената стихија брзо се ширела.
Во моментот на трагедијата во приколката имало 12 луѓе. Загинатите деца со своите родителе дошле на гости за празникот кај свои роднини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град