Најмалку 88 луѓе се повредени од кои седум посериозно, откако синоќа се урна дел од таванот за време на театарска претстава во лондонскиот театар „Аполо“.
Најмалку 88 луѓе се повредени од кои седум посериозно, откако синоќа се урна дел од таванот за време на театарска претстава во лондонскиот театар „Аполо“.
Најмалку 88 луѓе се повредени од кои седум посериозно, откако синоќа се урна дел од таванот за време на театарска претстава во лондонскиот театар „Аполо“. Од повредени никој не е во животна опасност, а на повеќето повредени им била укажана лекарска помош на лице место.
Сведоци раскажуваат дека најпрво слушнале крцкање пред да се урна покривот. Во моментот на несреќата во салата биле вкупно 720 луѓе, кои присуствувале на исклучително популарна претстава.
Салата, со капацитет од 755 гледачи, е изградена во 1901 година и е на четири нивоа. Засега не се познати причините за уривањето на таванот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град