Повеќе од 2.000 мажи и жени учествувале во ова истражување во кое е откриено дека на прво место се комплиментите, кои еден маж може да ги упати кон една жена, а на врвот на листата се наоѓа токму за убавата фигура.
Повеќе од 2.000 мажи и жени учествувале во ова истражување во кое е откриено дека на прво место се комплиментите, кои еден маж може да ги упати кон една жена, а на врвот на листата се наоѓа токму за убавата фигура.
Дури 43% од жените се опседнати со својата тежина и се најсреќни кога околината ќе ја забележи нивната витка линија. Четири од десет жени се среќни кога мажите ќе им кажат дека имаат убава насмевка. Она што жените сакаат да го слушнат е и дека убаво мирисаат, дека имаат убава коса, прекрасни очи и дека убаво им стои одредена боја.
На жените никогаш не смеете да им кажете дека се дебели. На листата на непожелни коментари се најдоа и коментарите дека изгледаат уморно, нерасположено или дека личат на еден од родителите.
„Жените се комплексни суштества и мажите грешат кога мислат дека не можат да погрешат кога даваат комплименти. Тие најмногу сакаат комплименти кои покажуваат дека се убави, имаат убави заби, усни, коса или нозе. Но, доколку им споменете нешто во врска со килограмите, работите тргнуваат на лошо“, тврди претставникот на компанијата која го правела истражувањето.
Само 50% од жените добро поднесуваат комплименти, а за несреќа на мажите, дури 36% од нив погрешно ги разбираат убавите зборови, па така, ако им кажете дека имаат облини, тие сметаат дека сте им кажале дека се дебели. На коментарот дека се убаво нашминкани, 14% од нив ќе помислат дека претерале.
„Поради тоа повеќето мажи не делат комплименти. Но, едноставно е – комплиментот треба правилно да се формулира за жената да не го сфати погрешно“, велат авторите на истражувањето кои советуваат дека мажите треба да даваат барем еден комплимент секој ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град