Американците во лов на мега-милјонската лото добивка

САД вечерва ќе дознаат дали некој среќен граѓанин ќе ја добие исклучително високата награда на лотаријата „Мега Милионс“ во износ од 586 милиони долари.

 |  Голабовски Крсте  | 
loto
лото

САД вечерва ќе дознаат дали некој среќен граѓанин ќе ја добие исклучително високата награда на лотаријата „Мега Милионс“ во износ од 586 милиони долари.

САД вечерва ќе дознаат дали некој среќен граѓанин ќе ја добие исклучително високата награда на лотаријата „Мега Милионс“ во износ од 586 милиони долари.

lotoПред вечерашното извлекување Американците масовно купуваат тикети, кои чинат по еден долар, со што дополнително го зголемуваат наградниот фонд, кој се приближува до ланската рекордна премија од 656 милиони долари.

– Продажбата на тикети порасна за 20 проценти од извлекувањето минатиот викенд, кога никој не ја доби наградата што тогаш изнесуше 425 милиони долари, изјави Паула Ото, директорка на „Мега Милионс“, која заедно со „Пауербол“ се двете најголеми американски лотарии.

Доколку и денеска нема среќен добитник или добитници, наградниот фонд за идното коло може да ги достигне рекордните 656 милиони, кои лани беа поделени меѓу три тикети.

Мерл и Пет Батлер, пензионирана брачна двојка од градчето Ред Бад во Илиноис излегоа во јавноста и потврдија дека добиле една третина од наградата, односно 218,6 милиони долари пред да го платат високиот данок. Лотаријата им понуди исплата на наградата на рати или 158 милиони долари одеднаш, со што по плаѓањето на даноците на брачната двојка им останаа 105 милиони долари.

Сопствениците на другите два тикети од рекордната добивка, кои беа продадени во Канзас и во Мериленд, одбија да го обелодента својот идентитет во јавноста. И сопствениците на продавниците каде се купени среќните тикети добиваат награда, од неколку десетици, па до 100.000 долари.

Но, не сите лото приказни во САД имаат среќен крај. Уроџ Кан,доселеник од Индија во Чикаго кој летово доби милион долари на грепка, беше пронајден мртов еден ден по исплатата. Полициската истрага утврди дека тој бил отруен со цијанид. Наградата предизвикала тешки кавги меѓу сопругата и братот на Уроџ, а по неговата смрт членовите на семејството почнаа меѓусебно да се обвинуваат за труењето.
Во ноември, пак, тикет вреден 16 милиони долари продаден во Флорида, пропадна откако и по шест месеци од извлекувањето среќниот добитник не дојде да ги подигне парите. Лотаријата „Пауербол“ соопшти дека вакво нешто се случило само двапати во нејзината историја и дека препоставуваат оти купувачот го изгубил тикетот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top