Нова ерупција на Етна

Ерупцијата на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Etna
Етна

Ерупцијата на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија.

EtnaКако што соопштуваат од аеродромот, откажани биле 22 полетување, а 26 авиони кои требало да слетаат во Катанија биле упатени кон други аеродроми. Затворен е и аеродромот Комизо во истиот регион.

Компанијата која управува со аеродромот во Катанија соопшти дека денеска ќе направи нова анализа на состојбата. Етна е активен вулкан и често еруптира, а нејзиното последно активирање почна во саботата и е најсилно во последните месеци. Лавата што потече по парините на вулканот се гледа од Катанија и од историскиот град и морско летувалиште Таормина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top