Маслиновото масло, рибата, органската храна, млекото, житариците, медот, месото, кафето, чајот, зачините и некои овошни сокови се некои од намирниците со кои потрошувачите најмногу се мамат – тврди Естер де Ланж, одговорно лице за сигурност на храната во парламентот на ЕУ.
Маслиновото масло, рибата, органската храна, млекото, житариците, медот, месото, кафето, чајот, зачините и некои овошни сокови се некои од намирниците со кои потрошувачите најмногу се мамат – тврди Естер де Ланж, одговорно лице за сигурност на храната во парламентот на ЕУ.
На пазарот во ЕУ поради економската криза се штеди се’ повеќе на контролата, додека произведувачите и продавачите се под постојан притисок да нудат поевтина храна. Една од скандалознте работи кои се практикуваат е користење дел од свиња наместо лигњи. Но, тоа не е единствената измама.
Како известувач за Одборот за околина, јавно здравство и сигурност на храната во Европскиот парламент, Естер де Ланж посочува на кризата во прехранбената индустрија поради порастот на измамите со храната во Европската Унија. Во својот извештај таа ги наведува намирниците кои најмногу се изложени на ризик од измама: маслиново масло, риба, месо, органска храна, млеко, житарици, мед, месо, кафе, чај, зачини и некои овошни сокови.
Така, честата риба се продава како ретка и поскапа, во медот може да има повеќе шеќерен сируп отколку природен резултат од пчелите, во овошните сокови нема овошје, кафето можеби Ви е измешано со некоја поевтина состојка, био-брашното е обично брашно итн.
Како дел од причините за честите измами парламентарката го споменува штедењето на контролите, а истовремено произведувачите и продавачите се под притисок да нудат се’ поевтина храна.
Де Ланж ги набројува најчестите измами:
– Скапите состојки се заменуваат со евтини без ничие знаење.
– Во описот на состојките на преработените месни производи се наведуваат погрешни видови месо.
– Тежината се претставува погрешно.
– Обичните намирници се продаваат како „органски“.
– Промена на датуми. Се продава храна со истечен рок на траење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град