Според најновото истражување од Јапонија, мачките го препознаваат гласот на нивниот сопственик, меѓутоа, едноставно не се замараат да реагираат на него.
Според најновото истражување од Јапонија, мачките го препознаваат гласот на нивниот сопственик, меѓутоа, едноставно не се замараат да реагираат на него.
Истражувачите од Јапонија дошле до овој заклучок откако направиле истражувања со 20 домашни мачки. Тие пуштиле снимки од гласовите на сопствениците кои ги викале мачките, со оној тон со кој секогаш ги повикувале. Исто така, тие на мачките им пуштиле снимки од гласови на непознати луѓе, користејќи ги истите зборови.
За да ја мерат реакцијата на мачките, истражувачите снимиле како мачките ја движат нивната глава, опашка, шепи и уши или дали мјаукаат или пак им се прошируваат зениците. Иако мачките покажувале значително поголема реакција додека бил пуштен гласот на нивните сопственици, тие не се замарале да станат веднаш, вели истражувањето.
Авторите сметаат дека негативното однесување на мачката е производ на нивната еволутивна историја во текот на изминатите 9.000 години.
„Историски гледано, мачките за разлика од кучињата не биле припитомени да слушаат наредба од луѓето. Наместо тоа, тие преземаат иницијатива во интеракцијата човек-маллка. Ова е во контраст со историјата на кучињата и луѓето каде што кучињата во текот на илјадници години биле учени да одговараат на наредби и команди. Мачките никогаш немале потреба да научат“, велат истражувачите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град