Луѓето се` повеќе имаат негативни мисли во нивните глави, а се` помалку време поминуваат размислувајќи на убави нешта. Со тоа самите тие привлекуваат негативна енергија која може да има лошо влијание врз нивниот живот.
Луѓето се` повеќе имаат негативни мисли во нивните глави, а се` помалку време поминуваат размислувајќи на убави нешта. Со тоа самите тие привлекуваат негативна енергија која може да има лошо влијание врз нивниот живот.
Време е да го промениме начинот на размислување и да започнеме да се насочуваме кон позитивните мисли. Еве како.
1. Направете листа на работи кои прават да се чувствувате продуктивно и среќно – Правете ваква листа секој ден. Пишувајте за секојдневните мали нешто што прават да се чувствувате посреќно, попозитивно и поисполнето.
2. Слушајте весела музика – Танцувајте како луди. Направете си плејлиста со забавна музика која ќе го подигне вашето расположение и ќе предизвика насмевка на вашето лице.
3. Направете напор да изгледате убаво секој ден – Убавиот изглед влијае врз вашето секојдневие. Доколку не се чувствувате убаво во вашата кожа, тогаш и вашиот ден нема да биде позитивен. Средете се, станете 10 минути порано и поминете време средувајќи ја вашата коса, шминка…
4. Поставете си краткорочни цели – Сите имаме големи цели. Огромни цели кои постојано не` прогонуваат и прават да се чувствуваме вознемирено бидејќи се` уште ги немаме исполнето. За да не се чувствувате така, поставете си краткорочни цели за кои знаете дека ќе ги исполните и кои на некој начин се вашите секојдневни обврски.
5. Направете листа на работи кои сте ги постигнале – Лесно е да се размислува за лошите работи, меѓутоа тоа треба да се промени. Наместо тоа, обидете се да направите листа на работи кои сте ги постигнале во текот на вашиот живот. Со тоа ќе се потсетите на добрите нешта кои се случиле токму поради вас.
6. Секој пат кога ќе се погледнете во огледало, помислете на нешто што ви се допаѓа за вас – Лесно е да ги посочите вашите маани, без разлика на тоа колку се малечки. Меѓутоа застанете пред огледало и самите себеси поделете си комплимент. На тој начин ќе добиете поголема самодоверба.
7. Вежбајте или имајте ново хоби – Научно е докажано дека вежбањето ги прави луѓето посреќни и прави тие да се чувствуваат подобро за себе. Посветете се себеси на нешто, дури и ако е минимално бидејќи со тоа ќе бидете поактивни.
8. Истакнете го вашиот внатрешен екстроверт и интроверт – Ова е краткиот пат до среќата и позитивноста. Доколку знаете дека ви е потребна социјална интеракција, направете време за тоа. Доколку сакате да бидете сами тогаш имајте интровертен ден. Толку е едноставно. Среќата се наоѓа во работите кои вие сакате да ги правите.
9. Бидете зафатени – Со постојаното работење сфаќате дека немате време да се грижите и да размислувате за глупави и бесмислени работи.
10. Сфатете дека ова е вашиот живот – Ова е се` што имате. Можеби за ова е потребно подолго време за сфаќање, меѓутоа сигурно е нешто кое ќе ви помогне да ги пребродите негативните мисли во вашиот живот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град