Поради параноите од Студената војна, најмодерната јапонска подморница завршила на дното на морето во 1946. година. Тоа било подморница позната како Сен Току, една од трите произведени.
Поради параноите од Студената војна, најмодерната јапонска подморница завршила на дното на морето во 1946. година. Тоа било подморница позната како Сен Току, една од трите произведени.
Американските нуркачи, во близина на брегот на Хаваи, пронашле јапонска подморница која била потопена од САД кратко по Втората светска војна, за оваа напредна технологија да не дојде до СССР. Ова откритие ја открило мистеријата за исчезнување на пет јапонски подморници во 1946. година, соопштиле од Хавајскиот универзитет.
“Тоа била прва подморница од тој вид, од само три произведени, па според тоа е единствена и историска”, изјавил лидерот на експедицијата, Тери Керби.
“Тоа што го најдовме таму, беше потполно неочекувано. Сите наши истражувања не наведуваа на тоа дека подморницата е некаде многу подлабоко во морето”, додал Керби.
Долга 122 метри и тешка 6670 тони, подморницата “I-400” била најголема дизел подморница некогаш произведена, се до претставувањето на нуклеарната подморница во 1960. година. Можела да направи еден и пол круг околу светот без да дополни гориво и била опремена со најсовремена опрема за тоа време, поради што Американците стравувале дека може да дојде до Русите.
Подморницата можела да носи три хидроавиони вооружени со бомба тешка 816 килограми. Била дизајнирана да може брзо да исплови, да ги лансира авионите и брзо да се врати под вода, пред да биде откриена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град