Хрватите рекоа „НЕ“ на истополовите бракови

Денеска во 9:00 часот беа објавени резултатите од референдумот за уставно дефинирање на бракот во Хрватска. Откако се обработени сите избирачки места, резултатите се следниве: 946.433 или 65,87 отсто од гласачите заокружиле „За“, а 481.534 гласачи или 33,51отсто „Против“.

 |  Голабовски Крсте  | 
статистика
statistika

Денеска во 9:00 часот беа објавени резултатите од референдумот за уставно дефинирање на бракот во Хрватска. Откако се обработени сите избирачки места, резултатите се следниве: 946.433 или 65,87 отсто од гласачите заокружиле „За“, а 481.534 гласачи или 33,51отсто „Против“.

hrvatiЗа резултатите во Хрватска синоќа известуваа и највлијателните светски медиуми, со забелешка – „референдумското прашање беше насочено против хомосексуалното малцинство“.

„Хрватите на референдумот ја поддржаа забраната за истополови бракови. Речиси 90 отсто од хрватската популација која брои 4,4 милиони луѓе кои се изјаснуваат како римокатолици, а црквата солно заговараше да се гласа „за“, објави Би-Би-Си.

„Мнозинството Хрвати на референдумот гласаа за забрана на геј браковите. Тоа е голема победа за конзервативците кои ги поддржува католичката црква во најновата членка на ЕУ“, извести АП. Оваа агенција исто така пишува дека референдумот длабоко ја подели Хрватска. „Либералните групи од стартот нагласуваа дека ова прашање ги нарушува основните човекови права. Резултатите од референдумот покажуваат дека десничарските и конзервативните сили во Хрватска се засилени во екот на длабоката економска криза и раширената невработеност“.

Ал Џезира исто така потенцира дека Хрватите ги забраниле истополовите бракови под силно влијание на католичката црква.
Ројтерс наведува дека хрватските граѓани се одлучиле за дефиниција на бракот како заедница меѓу маж и жена, што според оваа агенција, не е изненадување во конзервативна земја во која 90 отсто од жителите се изјаснуваат како католици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top