Сите сакаат да ја „слушнат“ Меркел

Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушувале само американските тајни служби, туку и разузнавачите на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди во денешното издание германското списание Фокус.

 |  Голабовски Крсте  | 
Angela Merkel
Ангела Меркел

Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушувале само американските тајни служби, туку и разузнавачите на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди во денешното издание германското списание Фокус.

Angela MerkelОбјект на прислушувањето бил еден од мобилните телефони на канцеларката, кој немал криптографска заштита, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван функционер на германските безбедносни служби.

Според него, зградата каде што се наоѓа федералната канцеларија на Ангела Меркел, во центарот на Берлин, со огромниот простор околу неа, без какви било пречки, „од технолошки аспект е одлично место за пресретнување на сигналот на мобилната телефонија“.

Германскиот неделник тврди и дека странските тајни служби минатата година се обиделе да врбуваат над 100 германски политичари, функционери, воени лица, научници и бизнисмени како свои шпиони. Најактивни биле руските агенти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top