Путин во Ватикан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Италија и Ватикан каде оствари средба со лидерот на Римокатоличката црква, Папата Франциско.

 |  Голабовски Крсте  | 
Putin i Papa
Путин и Папа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Италија и Ватикан каде оствари средба со лидерот на Римокатоличката црква, Папата Франциско.

На средбата ќе се разговара за односите меѓу католичките и православните цркви, а ќе биде разгледана и ситуацијата на Блискиот исток, при што особен акцент ќе се стави на ситуацијата во Сирија.

Потоа Путин ќе има средба со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, а утре во Трст ќе разговара со премиерот Енрико Лета.

PapaПретседателот Путин практикува средби со католичките водачи. Тој претходно се сретна и со Јован Павле Втори, а во 2007 година со папата Бенедикт Шеснаесетти.

Москва изразува задоволството што Папата денеска ќе се сретне со претседателот Путин.

Односите Русија-Ватикан се тензични од распадот на СССР. Русија ја обвинува Католичката црква дека се обидува да врбува верници на Руската православна црква, што Ватикан го негира.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top