Авионот кој сообраќал на релација Москва- Казан се урнал по третиот неуспешн обид да слета на аеродромот. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан.
Авионот кој сообраќал на релација Москва- Казан се урнал по третиот неуспешн обид да слета на аеродромот. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан.
Педесет лица загинаа во вчерашното уривање на авионот Боинг-737, кој сообраќаше на релација Москва-Казан. Сите 50 лица во авионот, 44 патници и шест членови на екипажот загинале во несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
– Во авионот немало деца, изјави портпаролот на Министерството. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан, Рустан Миниханов, Ирек.
Авионот, направил три обиди да слета пред да се урне на аеродромот во Казан. При подготовките за третото слетување Боингот ја загубил височината, се удрил во земјата, се запалил, при што експлодирале резервоарите за гориво. Авионот Боинг 737-500 е на авиокомпанијата „Татарстан“, соопшти руската Агенција за цивилно воздухопловство.
Казан се наоѓа на 720 километри источно од Москва. Пожарот, кој избувнал при падот на авионот е изгаснат и иследниците почнаа истрага. Можни причини за несреќата се пилотска грешка, дефект на леталото и метеоролошките услови, но поверојатни се првите две причини, јави ИТАР-ТАСС.
Времето во регионот било вообичаено за оваа сезона, имало слаб дожд, температурата била три степени, а ветрот со брзина од осум метри во секунда.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град