Ниска стапка на преваленца на ХИВ СИДА кај нас, но висока стигма.
Стапката на преваленца на ХИВ СИДАТА кај нас е ниска. Невладините организации заедно со институциите постојано се активни за преваленцата и понатака да се одржува на тоа ниво, укажува Сашо Мерџаноски од НВО „ Интер-етник проект Гостивар“. Повеќето НВО соработуваат со Министерството за здравство и работат на превцијата на ХИВ СИДА во соработка со здравствените установи , полицијата, затворите, насекаде каде што има ризични групи. Преваленцaта е ниска, но за да се одржува на тоа ниво мора да се работи и не смее да се остави стихијно бидејќи не сме многу далеку од земјите каде таа стапка е висока, вели Мерџаноски. Искуството на НВО покажува дека на терен соработката со ризичните групи оди тешко. Тоа се случува пред се заради стигмата на јавноста па дури институционалната дискриминација, посочува Мерџаноски.
„ За жал мора да констатираме дека стигмата е на високо ниво во РМ. И Охрид не е исклучок. Генерално не е лесно да се третираат и успешно да се ресоцијализираат ризичните групи. Но, НВО „ Опција“ прави напори да ги анимира и во добар процент успева во тоа , но се соочува со повеќе препреки, токму во стигматa и дсикриминацијата.“
Локалната самоуправа на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески веќе потпишале меморандум за соработка. Акциониот план во соработка со останатите НВО и институции ќе содржи повеќе цели, напоменува Мерџаноски.
„ Како и секој акционен план и овој е разработен до сите детали. Во Охрид се содржани активности во врска со одржување на видливоста на програмите за превенција по завршувањето на финасирањето на глобалниот фонд, како и клучните активности кои даваат резулатати во моментов кои се финасирани од страна на глобалниот фонд, активности за намалување на стигмата и дискриминацијата, зголемување на сензибилизацијата на заедницата кон овие програми.“
НВО „Интер-етник проект Гостивар“ заедно со претставници од повеќе институции меѓу кои центарот за јавно здравје, центарот за социјални работи, полицијата, затворот, ЛС и другите НВО ќе го имплементира акциониот план по добивањето зелено светло од страна на охридските советници. Проектот „Одржувaње на ниска преваленца на ХИВ СИДА во РМ“ се спроведува покрај во Охрид и во други 9 градови во земјава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град