Професионалната биографија е само еден документ кој го доставувате кога се пријавувате за работна положба.
Професионалната биографија е само еден документ кој го доставувате кога се пријавувате за работна положба. Но овој документ е најбитен од сите. Сепак, многумина не му посветуваат доволно внимание и се раѓаат грешки кои многу влијаат на шансите за вработување.Внимавајте на следните нешта.
Премногу детално
Професионалната биографија не треба да содржи целосни реченици и детални објаснувања. Секое појаснување оставете го за мотивационото писмо, а во биографијата наведете ги сите потребни информации кратко и јасно. Работодавците трошат приближно 90 секунди за разгледување на биографиите. Не сакате да ризикувате Вашите документи да бидат фрлени пред да бидат прочитани.
Еден дел на две страници
Секој дел од документот мора да има целина. Немојте да двоите еден дел на две страници. Подобро е да го промените редоследот отколку да го сторите ова.
Хронолошки редослед
Правилниот начин на наведување на сите активности е обратниот хронолошки ред. Започнувате со последното искуство или последното образование, за да завршите со првото. На пример, 2013 – пракса во компанија; 2012 – волонтирање во компанија.
Непотребна содржина
Содржината треба да биде кроена според специфичното работно место. Исклучете ги сите искуства кои немаат никаква врска со она што се бара.
Наслов
Секој работодавач може да познае професионална биографија кога ќе ја види. Зошто би ставиле наслов? Вашето име е доволно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град